Димитров: Утрешниот ден е многу важен

by fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, Никос Коѕијас, учествуваше на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група, во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“.

-Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крајЗначи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сѐ и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред самитот во Софија и наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете страни, за да им овозможиме на премиерите прво да се сретнат, и после тоа да си подадат рака, ама мора да понудиме некакви опции, таа ни е задачата утре. Искрено чувствувам многу голема тежина и одговорност да направам се’ што можам заедно со Никос Коѕијас да изнајдеме нешто што ќе ги покрие основните… оти ние сме во една ситуација да проценуваме како нашите граѓани ќе реагираат на тоа што на некој начин условно би го разговарале и би го понудиле понатаму на највисоко ниво на лидерите и затоа тоа не е едноставна работа, бара многу чесен пристап, бара визија, граѓаните не се должни да мислат на последиците што ако нема договор, а јас искрено чувствувам и таква одговорност бидејќи гледам дека во таква состојба е Европската унија, во таква состојба е регионот. Многу е важно за нашата иднина да успееме да го надминеме ова прашање, рече Димитров.

Тој додаде дека нема поприродно ако нашите соседи се нашите најголеми туркачи и сојузници во таа наша цел.

Поврзани новости