Утре средба на Димитров и Коѕијас со Нимиц

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре во Грција ќе оствари средба со грчкиот колега Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц.

-Министерот за надворешни работи, Никола Димитров,  утре (сабота, 12 мај 2018 год.) ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц. Средбата ќе се одржи во Сунио, Грција, со почеток во 10:30ч. по локално време, се вели во известувањето од МНР.

Поврзани новости