Димитров: Унгарија поинаку гледа на случајот со Груевски за разлика од нас

by fokus

Во неделното интервју за РСЕ, министерот за надворешни работи Никола Димитров, меѓудругото, зборува и за екстрадицијата на беаглецот Никола Груевски. На прашањето дали МНР врши некакви дипломатски активности за екстрадицијата на Груевски, тој вели:

-Тој проблем сега се реактуелизира дополнително со последните чекори од Обвинителството во однос на 27 април. Ние тука имавме делумна амнестија, која направи дистинкција, ги разграничи они кои организирале, оние кои учествувале во насилство, ќе видиме што ќе направи обвинителството, мислам дека ќе има тука кон Министерството за правда едно дополнување на барањето за екстрадиција.

Со Унгарија имаме заеднички интереси и различни интереси. Заедничките интереси ни се да продолжиме да тргуваме, да продолжиме да се поддржуваме за крупните интереси -евроатланските интеграции.

Имаме различен интерес и целосно различно гледање на случајот со Груевски, бидејќи ние имавме домашна задача од Европскиот совет во заклучоците од минатата година – да има одговорност за индициите за злоупотреби, криминал, корупција од прислушуваните разговори и за нападот врз собранието, посебно за организаторите и иницијаторите, вели Димитров.

Поврзани новости