МВР: Од 159 контролирани возачи, 26 биле пијани

by fokus

Од МВР информираат дека изминатата ноќ, од 23 до 05 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје извршило акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

-Од страна на полициски службеници контролирани се 159 возачи, a кај 26 утврдено е присуство на алкохол. Откриени се и 51 останати прекршоци.

Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената спроведена е акциска контрола на 23.02.2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 69 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се мандатни платни налози.

Исто така, констатирани се и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 29 мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози. На 23/24.02.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на Скопје со специјално возило “пајак” се подигнати 27 возила кои биле непрописно паркирани, во најголем дел на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Јордан Мијалков“, информираат од МВР.

Поврзани новости