Димитров: Целта е дома да имаме европски живот, а не да се иселуваме

by fokus

Ја гледаме новата методологија како голема можност. Нема од што да се плашиме. За тие политичари што сакаат да продолжат со блефирање, да се преправаат дека се реформираме и дека Европа е заинтересирана за проширување, новата методологија ќе биде проблематична, но оние што сакаат вистински европски начин на живот, во секоја смисла, нема од што да се плашат, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната онлајн панел дискусија со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот и албанскиот колега Гент Цакај.

Би сакале, додаде, да им покажеме на скептиците дека со новата методологија проширувањето може да профункционира.

Во однос на земјава и реформите, клучно ќе биде, потенцира Димитров, да се држиме до фундаментите: владеење на правото, борба против корупција, слободни медиуми, човекови права. Ако дозволиме политизација, процесот, повторно ќе излезе од колосек.

-Целта е да станеме вистинско европско општество, вистинска европска демократија, да ја донесеме Европа тука, кај нас, да имаме европски живот дома, а не да се селиме во земјите – членки на ЕУ, истакна Димитров.

И според него, како што истакнаа и Цакај и Рот, и ЕУ и Западен Балкан ќе добијат ако Регионот стане Југостиочна Европа, што веќе географски е.

Поврзани новости