Димитров: Се е подготвено да се спроведат 200 македонските државјани преку Деве Баир

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска изјави дека се е подготвено за да се пречекаат околу 200 македонски државјани на македонско-бугарскиот граничен премин Деве Баир.

Во линковско вклучување за телевизија „24Вести“, Димитров истакна дека тие ќе бидат прифатени на начин кој ќе биде најдобар и за нивната безбедност и за здравјето на целата нација.

– Полицијата е подготвена и во координација со медицински екипи од Министертсвото за здравство ги чекаме луѓето кои во скоро време је пристигнат. Ќе бидат прифатени на начин кој ќе биде најдобар и за нивната безбедност и за здравјето на целата нација, рече Димитров.

Поврзани новости