ВО ЖИВО: Седница на шпанскиот Сенат за ратификација на Протоколот на Македонија во НАТО

by Fokus

Шпанскиот Сенат за денеска во 13 часот закажа седница со единствена точка на дневниот ред – ратификација на Протоколот на Македонија во НАТО што претставува голем гест на официјален Мадрид кон нашата земја ако се има предвид актуелната состојба во светот што го тресе пандемија на коронавирус.

Усвојувањето на документот се очекува да биде формалност и да мине по брза постапка. Ова го соопшти првиот потпретседател на Сенатот, Кристина Нарбона, која, исто така, објави дека остатокот од парламентарните активности за цела оваа недела се откажани.

Шпанија е последната земја членка на НАТО која сè уште го нема ратификувано Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, откако сите други 28 држави го сторија тоа.

Поврзани новости