Димитров од утре во посета на Данска, Шведска и Финска

by fokus

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров од утре до 17 август ќе престојува во работна посета на Кралството Данска, Кралството Шведска и Република Финска.

Како што соопшти МНР, во рамки на регионалната турнеја Димитров на своите нордиски колеги ќе им ги претстави стратегиските приоритети на новата реформска Влада насочени кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија и нејзините граѓани.

Главниот акцент во разговорите ќе биде ставен на обезбедувањето на што е можно поголема помош од пријателските нордиски демократии, за поефикасно и потемелно спроведување на реформите, како и нивна засилена поддршка за што поскоро придвижување на процесите на интеграција во ЕУ и НАТО.

Поврзани новости