Димитров: Нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се јави на Твитер по стапувањето на сила на новото име на државата, Република Северна Македонија.

-Пред малку ги разменивме конечните вербални ноти: Преспанскиот договор влегува во сила! Нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка, напиша Димитров на Твитер, напиша Димитров.

Поврзани новости