Димитров: Не знам која е земјата посредник која се спомнува во истрагата за „рекетот“

by fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров не знае на која земја се алудира во однос на некои наводи дека со посредство на некоја пријателска држава се обезбедени докази за вчерашните случувања во однос на „рекетот“ врз македонски бизнисмен, а во кој е вклучен и обвинител.

–Знам дека секое расветлување, отплеткување ни помага и нам како на општество и на тоа како гледаат членките на ЕУ кон нас. Осветлувањето е многу поздраво од пикањето под килим, рече Димитров на денешната заедничка прес-конференција со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, одговарајќи на новинарско прашање дали знае за која земја станува збор.

Додаде дека напишл статус бидејќи видел, рече, една атмосфера на дефетизам.

Според него, вчерашите случувања покажуваат дека системот ни е подразбуден и оти има реакции без разлика на тоа од која страна доаѓаат индициите за лошо.

– Мене ми беше притоа апелот дека нема да може за жал преку ноќ да си ја дигнеме до крај на нозе државата и оти ќе треба многу напор. Секогаш потешкиот пат е поисправниот. Најлесниот пат е да дигнеме раце сите. Нашиот народ не е ништо понеспособен од народите на која било држава и периодот пред нас е период каде ќе треба тоа да го покажеме и докажеме, за да не биде и ќе не биде и точка. Не смееме да дигаме раце и се разбира не секој граѓанин носи иста одговорност, тој што има поголема моќ на одлучување од судии…, но сите во своето, вклучувајќи ги и медиумите можеме да дадеме се од себе. Мора овој период да го искористиме за да ни ја биде државата, порача шефот на дипломатијата Димитров на денешната заедничка прес-конференција со неговиот колега Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Поврзани новости