Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин

by lali

Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет на У.С. му нанел убодна рана. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци.

 

Поврзани новости