Димитров: Не треба да се очекува некаква промена за спорот со името за време на празниците

by fokus

Раговорите за спорот со името ќе продолжат по новогодишните и божикните празници, се до тогаш не може да се очекува било какви случувања, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

-По подолга пауза од три години имавме прва средба на преговарачите со медијаторот Нимиц, следната средба е догооврено да биде во јануари. Не би требало да се очекувао некакво посебно случување во текот на празниците. Поставена е сцената, процесот е отпочнат, динамиката е воспоставена и нема нешто ново да се случи за време на празниците, изјави Димитров.

Поврзани новости