Граѓаните му предложија на Шилегов да ги забрани бадникарските огнови

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска имаше двочасовна средба со граѓаните, кои дојдоа да му предложат мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Еден граѓанин предложи да се забранат бадниковите огнови.

За една вечер се горат толку дрва и енормно се загадува воздухот и веќе еднаш да почне гасификацијата сите користиме дрва за огрев оти тоа ни е најевтино, беше аргументот на граѓанинот.

Граѓаните бараат и да се забранат градежни активности од ноември до февруари, индустриските погони да се дислоцираат надвор од градот и јагленот како средство за огрев да се забрани од наредната година

Поврзани новости