Димитров и Коѕиас утре во Атина ќе бараат начини за продлабочување на соработката

by Фокус

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров утре во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

Засега официјално нема детали за средбата, но Димитров во интервју за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека Македонија ја разгледува можноста за користење на привремената референца за членство во НАТО.

Според грчките медиуми, се очекува на маса да бидат мерките за градење доверба и начините на кои може да се продлабочи билатералната соработка меѓу двете земји.

Сепак, официјална Атина јасно нагласи дека останува на својот цврст став оти Македонија не може да стане членка на НАТО без претходно да се реши прашањето за името.

Поврзани новости