Димитриевски склучи коалиција со АА и Алтернатива, ќе го поддржат во втор круг

by fokus

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ предводена од актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат, Максим Димитриевски денеска склучи коалиција за вториот круг од локалните избори со „Алијанса за Албанците“ и Алтернатива.

-Верувам и убедени сме дека во вториот круг ќе извојуваме уште поголема победа. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на сите мои против кандидати коишто многу конструктивно во првиот изборен круг ја водеа својата кампања. И да ја поздравам и поддршката на оваа иницијатива на Беким Салиу. Воедно, сето она што беше изнесено од страна на нашите претставници на шефовите на штабови, во иднина ќе направиме се за да го испочитуваме и одржиме. Се работи за еден политички субјект и концепт којшто сака во иднина да делува исклучиво од граѓаните и за граѓаните. Ние ќе се водиме по принципот на унапредување на можностите и правата на сите граѓани, рече Димитриевски.

Поврзани новости