Мицкоски: Колку пониско удираат, толку повисоко се креваме

by fokus

Нека продолжат да удираат ниско, колку тие удрираат пониско, толку ние повисоко ќе се креваме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментирајќи го она што го објавува владејачката СДСМ за кандидатите на опозицијата.

-Црната кампања е од луѓе кои се заглавени во политичко мочуриште што е очекувано од оваа структура – не можат да зборуваат за проекти бидејќи немаат, не можат да зборуваат за иднина бидејќи нè враќаат постојано во минатото и се фокусирани на црна кампања. Нека продолжат да удираат ниско, колку тие удрираат пониско, толку ние повисоко ќе се креваме. Ние зборуваме за проекти, за нова иднина и така ќе продолжиме уште овие неколку дена од кампањата. Од понеделник не чека многу работа да ја извадиме Македонија од ова политичко мочуриште во кое сме денес, рече Мицкоски по објавите за бугарско државјанство на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Поврзани новости