Максим е кукавичко јајце подметнато од ВМРО, да гласаме за Илиевски, повика Костовски

by fokus

Во недела на локалните избори во Куманово има само еден социјалдемократски кандидат – тоа е Оливер Илиевски. Максим Димитриевски кој лажно се претставува како социјадемократ е инсталација, кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 30 години сонува да победи во Куманово, изјави пратеникот и претседател на Општинската организација на Куманово, Мартин Костовски.

-И самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил никаква поддршка, дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржувале Максим Димитриевски. За вториот круг Димитриевски доби и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на која срдечно се заблагодари и истата ја потврди. Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината во училиштата во јавните претпријатија, ако тој победи. Дури и оние кои до вчера имаа некои дилеми, денес им е веќе разјаснето. Работата е кристално јасна – Максим Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, рече Костовски.

Поврзани новости