Димитриевски: Предлагаме 14-дневен карантин во Куманово

by fokus

Општинскиот кризен штаб на Куманово бара воведување карантин, информираше денеска на прес-конференција кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Куманово денеска има нови 23 позитивни случаи на корона вирус и двајца починати. Вкупно досега има 224 позитивни лица и 12 починати, информираше Димитриевски. Во оваа статистика вклучени се и случаите во општина Липково.

Тој изрази сочувство до семејствата на починатите и рече дека Куманово нуди поддршка за заболените лица.

-Предлагаме 14-дневен контролиран карантин во Куманово и воведување кризна состојба на територијата на општината, затворање на влезовите и излезите во градот, олеснувања само на лица кои вршат професионални задачи кои со посебна дозвола би го напуштале и би се враќале во градот под посебни услови, рече  Димитриевски на прес-конференцијата.

Во посебните услови предвидена е дезинфекција на возила и лица на излезите, непречено одење на работа, воведување поголем број компании за вршење сервис на прехранбените продукти за кумановци.

-Покрај овој предлог до Владата за којшто апелираме истиот да биде разгледан што поскоро и да излезе со конкретен предлог и препораки до јавноста и акти кои ќе се извршуваат, сакам да напоменам за состојбата во општа болница Куманово каде што имаме 44 позитивни лица од персоналот и сметаме дека Комисијата за здравство час поскоро треба да донесе одлука за реорганизација на работата во болницата. Им изразуваме поддршка на здравствените работници кои  работат во болницата, рече Димитриевски.

Општинскиот штаб, нагласи тој, им стои на располагање и се заблагодари на бројните институции на локално и централно ниво вклучени во борбата против Ковид 19.

Кризна состојба по примерот на Дебар, смета кумановскиот градоначалник, ќе донесе резултати. Тој апелираше до кумановци да ги почитуваат препораките, да не се излегува без потреба, да мислат на најблиските, на возрасните лица. Неодговорното однесување носи ширење на вирусот, повика да се носи заштитна опрема.  Во кризна состојба ќе функционираат апетките, ќе се дистрибуира храна. Тој рече дека е побарано од полицијата да воведе дополнителни две телефонски линии, бидејќи бројот 192 е преоптоварен и потсети дека има четири броеви на штабот.

-На 22 март Куманово имаше три случаи, денеска има 224 случаи. Тоа занчи дека епидемијата во градот се шири. Веќе влегуваме во ризична група и смртноста е веќе на 5,36 проценти. Тоа се информации кои ги добивам од теренските епидемиолози. Состојбата е сериозна и како таква треба да се сфати, најпрвин од граѓаните, истакна  Димитриевски.

Се заблагодари на жителите од градот со над 110.000  кои го почитуваа карантинот со незначителни прекршувања.

Раководителот на епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје Куманово, Јадранка Стаменковска, рече дека заклучно со 10 часот, денеска на ниво на општина Куманово има 224 случаи. Што се однесува до разликата зошто во некои денови има мал број случаи, тоа се должи на потврдените лабараториски услови. Заклучно со март имало 52 случаи.

-И покрај препораките, едукацијата на населението, бројката само за 13 дена 172 случаи тоа се нови потврдени. Нас не загрижува и бројката 12 кои се починати, тука спаѓаат лица со коморбитет. Ние со оваа мерка се штитиме од асимптоматските случаи кои немаат симптоми, не можат да бидат препознаени. Од тие 12 починати лица, имавме различни возрасни групи, но сите со некој коморбитет, зголемен притисок, белодробни заболувања, малигнитет. Леталитетот во однос на другите земји, можеби не е голем, меѓутоа за оваа население 5,36 проеценти за толку краток период, за нас тоа занчи многу голема смртност, рече Стаменковска.

Таа информираше дека се следи епидемиолошката состојба, се користат искуства од Кина, од европските земји, мерките биле насочени првин кон патниците кои доаѓаат од ризични земји, изолираните  кои имале контакти, заболените. Центарот ги пребарува, анектира, пронаоѓа заболените лица, контактите со болницата, здравствениот дом, сега и матичните лекари ќе се вклучат во изнаоѓање и, според Стаменковска,овој број ќе биде зголемен.

-Проценката наша од страна на епидемиолозите, зборуваме за вонредна епидемиолошка состојба, ризична  и оди во прилог и оваа мерка која треба да ја спроведеме на ниво на општина, рече Стаменковска, додавајќи дека  Центарот за јавно здравје интензивно врши тестирања, а дека се добиваат и негативни тестови кои, рече, можат во наредните 14 дена на станат позитивни. До вчера се направени 1275 тестови.

Епидемиолошката состојба се менува секојдневно, додава Стаменковска. Во почетокот имало неколку семејства покрај центарот на градот. За болницата се смета дека има локална трансмисија меѓу здравствените работници  и пациентите, од друга страна има и десет зафатени населби каде има различен број заболени.

-Време е населението да ги почтиува мерките, особено за самоизлоација во текот на 14 дена, рече Стаменковска.

Според неа, многу е битно лицето кое било во контакт со заболен, треба исклучително во домашни услови да се самоизолра, исклучтелно високо ниво на хигиена, носење макси, ракавици, при подготовка на храна, дистанца од најмалку два метра. Матичните лекари рече ќе ги следат, да не се расшетуваат пациентите, протоколите веќе функционираат. Во тек е обработка на преку 300 тестови.

-Ако епидемијата беше локализирана на една населба, мерките ќе беа насочени кон неа, но зборуваме за повеќе населби во општината, рече Стаменковска.

Таа појасни дека тестовите на здравствените работници имаат приоритет – во болницата, Здравствениот дом и во приватните здравствени установи. Сега и побрзо се добиваат резултатите. Со реорганизација на болницата се очекува и намалување на бројот на заболени. За таа цел, внатрешната комисија ќе ги следи насоките на Комисијата на заразни болести.

-Ние го очекуваме пикот затоа и овие мерки ги преземаме во однос на карантинот, нагласи д-р Стаменковска.

Поврзани новости