ДИК во 11 часот на јавна седница ќе одлучува за приговорите

by fokus

Државната изборна комисија денеска во 11 часот ќе одржи седница на која ќе одлучува за приговорите кои партиите ги поднесоа за изборниот процес. Седницата ќе биде отворена за јавноста и ќе се одржи во големата сала на ДИК.

-Единствена точка на дневен ред ќе биде разгледувањето и одлучувањето по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и за утврдување на резултатите, се вели во соопштението на ДИК.

СДСМ и БЕСА поднесоа по осум приговори. Од двете партии велат дека доколку им се освојат приговорите ќе дојде до промена на бројот на мандати.

Поврзани новости