Наградата „Жан Моне“ постхумно доделена на новинарот Владе Ѓорчев

by fokus

Делегацијата на Европската Унија во Македонија годинешната награда „Жан Моне“ во категоријата за најдобар новинарски текст ја додели на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“ .

Годинешниот конкурс беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“, а Ѓорчев е награден за истражувачката сторија поврзана со истрагата за случајот „Транспортер“ што ја отвори Специјалното јавно обвинителство.

Наградата од името на семејството на новинарот Владе Ѓорчев, кој ненадејно почина на 20 ноември оваа година, ја примија неговите колеги новинари од новинската агенција „Мета”

Наградата за најдоба професионална фотографија ја доби фоторепортерот Роберт Атанасовски, а за најдобра аматерска фотографија Дарко Цветановски.

Фото: Мета.мк

Поврзани новости