СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја остави ДИК да си ја заврши работата

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да врши никаков притисок врз Државната изборна комисија и ќе остави да се испочитуваат процедурите и комисијата да ја заврши работата согласно законите, велат денеска од СДСМ.

-Апелираме ВМРО-ДПМНЕ да престане со злоупотреби на локалната и државна администрација, со носење на протести и контра-протести и така да врши притисок и да ги прејудицира одлуките на ДИК. Токму оваа практика ги доведе до пораз, но за жал поразот не ги освести и продолжуваат да го прават истото, се вели во соопштението на СДСМ.

Тие апелираат граѓаните да бидат внимателни и воздржани и да ја следат работата на ДИК и нејзините одлуки.

Поврзани новости