ДИК прифати само еден приговор на Беса

by fokus

За гласачкото место 0396/11 во Гостивар, БЕСА утврдила случај во кој на местото на Фатиме Сулејмани гласал некој друг. За оваа нерегуларност партискиот набљудувач имал забелешка во записникот, пренесе Плусинфо.

Во записникот, како што рече претседателот на ДИК Алексадар Чичаковски, има и забелешка дека оваа жена всушност веќе гласала, затоа не и било дозволен да гласа повторно.

Чичаковски побара да се повикаат претседателот и членовите на избирачкиот одбор за да се утврди што точно се случило и да се направи увид во Избирачкиот список.

Членовите на ДИК едногласно решија да ги задолжат стручните служби да ја донесе гласачката кутија од ова избирачкото место, како и да се повика изборната комисија.

Сите други приговори на Беса беа отфрлени.

Поврзани новости