ДИК отфрли 86 жалби на БЕСА

by fokus

Државната изборна комисија денеска одби 86 приговори поднесени од БЕСА за вториот изборен круг од локалните избори. Приговорите беа за општина Чаир.

Според ДИК, приговорите немаат доволно аргументи, ниту за нив има забелешки во записниците.

Членовите на ДИК исто така отфрлија уште 5 од вкупно 13 жалби на Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, со истото образложение.

 

 

Поврзани новости