Финансиската полиција поднесе кривична пријава за директорот на ФЕНИ

by fokus

Два дена откако бугарската „Енекод“, која се претстави како нов сопственик на „Фени индустри“, во Централниот регистар впиша нови директори на кавадаречкиот гигант и го избриша името на поранешниот главен извршен директор Јусуф Миракхмедов, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов, пренесува МЕТА.

Го сомничи за злоупотреба на службена должност и овластување.

Низ истрагата во текот на две седмици, Финансиската полиција утврдила дека директорот незаконски отуѓувал резерви на фероникел и друга руда од фабриката.

Вчера, компанијата БГРС, малцински акционер на „Кунико ресорсис“, исто така поднесе кривична пријава против Миракхмедов, товарејќи го за злосторничко здружување, злоупотреба на службена дејност и овластување, измама, како и за бројни други дејства.

Миракхмедов беше поставен од „Кунико рисорсис“, а беше извршен директор на „Фени“ од 2015 година.

Поврзани новости