ДИК: Излезноста на изборите во Штип до 13 часот 16,61, а во Пласница 22,35 отсто

by fokus

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 13:00 часот гласале 6938 гласачи, односно 16,61 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 1107 избирачи, односно 22,35 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК информира дека до овој момент не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

– Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, се соопшти утрово ДИК.

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

Поврзани новости