ДИК: До 19 часот гласале 46,16 % од иселениците

by fokus

Државната изборна комисија на последната прес конференција за денеска ги сумираше податоците за денешното гласање на болните и изнемоштените, затворениците и дијаспората. За гласање во Дипломатско конзуларните претставништва се пријавиле 1781 гласач.

-Сѐ уште се отворени 6 гласачки места во САД и Канада. До 19 часот, според информациите од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 724 гласачи, односно 46,16%. Во оваа излезност, поради временската зона, не се вклучени шесте избирачки места во САД и Канада, изјави портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска и додаде дека највисока излезност имало во Букурешт, Сараево, Брисел и Берлин.

 

Поврзани новости