Бесплатен автобуски превоз и паркинг на 7 мај

by fokus

На 7 мај, денот кога Папата Франциск ќе одржи литургија, автобускиот градски превоз во Скопје ќе биде бесплатен за сите граѓани и посетители. Токму затоа се апелира граѓаните да користат јавен превоз.

Исто така, на 6 мај по 17 часот и цел ден на 7 мај, паркинзите во Скопје ќе бидат бесплатни. Организаторите апелираат до граѓаните да ги паркираат автомобилите надвор од строгиот центар на Скопје, со цел непречено движење на сообраќајот.

Прекин на сообраќајот, пак, ќе има од и кон аеродромот Скопје на 7 мај во периодот од 7.30 до 9 часот наутро и од 17 до 18.30 часот попладне.

 

Според информациите на Координативното тело за организирање на посетата на папата, во овие интервали сообраќајот до и од аеродромот ќе биде пренасочен по споредни патни правци.
Организаторите апелираат сите што тој ден ќе ги патуваат со авион да тргнат најмалку еден час порано, бидејќи движењето по споредните патишта ќе трае подолого.

 

 

Поврзани новости