513
Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан реши да се почасти со нов ѕвер на четири тркала.
Тој купи кабриолет кој важи за најмоќниот и најбрзиот во светот. Станува збор за скапиот суперавтомобил „Hennessey Venom F5 Roadster“ кој е направен само во околу 30 примероци.
Медиумите истакнуваат дека легендарниот кошаркар за овој ѕвер на тркала потрошил околу 3,5 милиони долари.
F5 Roadster има V8 мотор со два турбоа и речиси 2.000 коњски сили.
Од компанијата тврдат дека овој автомобил може да надмине брзина од 480 километри на час и го нарекуваат „најбрзиот и најмоќниот кабриолет во светот“.