Мајката на убиецот од „Рибникар“ сослушана, ова се 10-те клучни прашања на кои одговарала!

by Fokus

М.К.(46), мајка на Коста.К.(13), кој е осомничен дека убил 9 ученици и чуварот, а потоа ранил уште шестмина, меѓу кои и наставничката во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, како што дознава Телеграф.рс, била сослушана вчера во полициската управа во Белград.

Таа била на распит за да се утврди дали имало запуштање или злоупотреба на момчето, а доколку се докаже тоа, ќе биде „предадена“ на Првото основно јавно обвинителство.

Ова е списокот на прашања на кои одговорила мајката на момчето, а клучното е – Што и рекол последно пред да го стори масакрот?

– Колку често го гледала синот и каде тој почесто бил, кај неа, или кај татко му?

– Дали знаела дека одел во стрелиште?

– Ако знаела, каков став имала околу тоа?

– Дали се однесувал чудно?

– Дали момчето било злоставувано и занемарувано?

– Што и рекол последно пред да го стори масакрот?

– Дали имал некое трауматично искуство?

– Каков бил неговиот однос со неа, со татко му, со пријателите и роднините?

– Колку била запозната со неговите интересирања?

– Во какви односи е таа со В.К., таткото на момчето убиец?

Поврзани новости