Џинпинг ѝ ја честита победата на претседателката Силјановска Давкова

by Fokus

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг ѝ ја честита изборната победа на Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори и за преземањето на функцијата шеф на државата.

Во честитката кинескиот претседател истакнал дека соработката меѓу Кина и Македонија во последните години постигнала солиден напредок и донела придобивки за двата народа.

Нагласил дека го цени развојот на билатералните односи меѓу двете земји и дека е подготвен да работи со Сиљановска-Давкова за продлабочување на меѓусебната политичка доверба и проширување на размената и соработката, со цел кревање на пријателските односи меѓу Кина и С Македонија на ново ниво.

Поврзани новости