Џафери: Се чувствувам добро

by Fokus

Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран денеска заминува од Клиниката за инфективни болести, и можно е утре тој да претседава со конститутивната седница на Собранието.

-Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре, изјави Џафери.

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од корона вирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни.

Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Поврзани новости