Џафери: Иванов не одговори на моето барање за средба

by fokus

„На претседателот на државата му стана пракса да не потпишува укази и да се меша во работата на законодавната власт“. Со овие зборови спикерот Талат Џафери, за ТВ 21, ја објасни одлуката на Ѓорге Иванов да не го потпише указот за договорот со Грција.

Претседателот на Собранието вели дека Законот за јазиците и Предлог законот за ратификација на договорот ќе бидат испратени до Службен весник само со неговиот потпис.

Џафери појасни и дека по прегласувањето на Законот за јазиците, се обидел да договори средба со Иванов, но како што тврди не добил одговор на неговото бaрање.

 

Поврзани новости