Жерновски гостин на Захариева, заедно на фестивалот „One love tour“ во Софија

by fokus 20:44
20:44

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски во Софија и’ беше гостин на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Причина за посетата беше фестивалот „One love tour”, настан на културата и традицијата, кој е многу повеќе од музички настан, бидејќи претставува мисија за приближување на Македонија и Бугарија.

Овој фестивал се оддржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, како и со покровителство на градоначалничката на Софија, Јорданка Фандукова.

- Advertisements -

-Создаваме нови мостови на пријателство со Бугарија” кои започнаа да ги градат премиерите Заев и Борисов“, рече Жерновски при посетата на Софија, надоврзувајќи се дека заедно испишуваме извонредни и историски моменти за двете земји, за регионот, за ЕУ.

Тој и се заблагодари на Захариева, која во Луксембург на Советот на министри за надворешни работи, лобираше за Македонија.

„Така треба да изгледаат и делуваат вистински соседи и пријатели. Тоа е тој нов дух на Балканот за кој зборува цела Европа. Сакам да ве уверам дека ќе продолжиме по овој пат”, заклучи Жерновски.

Поврзани новости