527
Постои можност, директорот на службен весник, Мартин Костовски да ги објави Законот за договорот за името и Законот за употреба на јазиците без потпис на претседателот Ѓорги Иванов, ако ги добие овие акти за објавување само со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„Ќе се водам по сите позитивни правни прописи во Република Македонија, но притоа Јавното претпријатие Службен Весник како институција воопшто нема да биде пречка за напредните и прогресивни процеси во кои тргнува Република Македонија“, изјвил директорот Костовски за Алсат-М.
Одговорот на Костовски е само ден по изјавата на Џафери дека ако Иванов не ги потпише двата закона, тогаш тој само со негов потпис ќе ги достави до Службен весник за објавување.