Џафери до Илија Димовски: Што се однесува до нервозата, јас апсолутно не се чувствувам нервозен

by Fokus

По паузата во Собранието, пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се наврати на проблемот со пратеникот Влатко Ѓорчев, кој со обезбедување беше тргнат од собраниската говорница, откако не сакаше сам да се повлече.

Тој се обрати на собранискиот спикер Талат Џафери, а пратениците од ДПМНЕ цело време негодуваа. Димовски му рече на претседателот на Законодавниот дом да престане со нервозата, на што тој му врати:

– Што се однесува до нервоза, јас апсолутно не се чувствувам нервозен. Ако го читате Деловникот, читајте го како што треба. Јас не се мешам како ќе се организирате, но морате да знаете како ќе делувате. Кој на кој одзема право да се изјасни. Ако читате член 88, тогаш читајте и член 90, а тоа значи дека ако пратеникот не се придржува до Деловникот и се одалечува од темата, претседателот има право да му одземе збор. Тоа е така напишано. Јас не сум го измислил – додаде Џафери.

Поврзани новости