ВМРО-ДПМНЕ: Изборот Арта Точи да биде заменик-министерка за одбрана е скандалозен

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ  оцени дека изборот Арта Точи да биде избрана за заменик-министерка за надворешни работи е скандалозен и ризичен за државата.

„Предложената Арта Точи е автор на трудот „Границите како мит“ во кој пишува околу конференцијата во Лондон одржана 1913 година каде е донесена одлука за формирање на албанското кралство. Според неа делови од Албанија не биле вградени во нејзините административни граници“, посочи Владимир Нелоски.

Тој рече дека оспорувањето на актуелните граници и мечтаењето по големи држави од страна на вакви државни функционери може да влијае на нарушувањето на односите на Република Македонија со соседите и побара премиерот Зоран Заев да ја преиспита одлуката, или во спротивно, како што рече, ќе биде одговорен директно одговорен за сите скандали и пропусти кои би се случиле во иднина.

Поврзани новости