426
Со потпишувањето на договорот со Бугарија и со интензивирање на разговорите со Грција, Македонија чекори напред во однос на евроатланските интеграции, изјави претседателот на парламентот Талат Џафери во интервју за Гласот на Америка.
-Доколку опстоиме на овој пат и доколку ја менаџираме ситуацијата, во следните 6 месеци до Самитот на НАТО може да очекуваме дека ќе се надминат пречките за да станеме полноправна членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ – рече Џафери.