478
Собранискиот спикер Талат Џафери му врати на Милошоски, дека доколку тие му се обраќаат како пратеник, тој ќе си ја користи деловничка можност да зборува на својот јазик.
– Јас сум претседател на Собранието избран од парламентарното мнозинство и треба да се договориме со кого ќе комуницирате. ВМРО-ДПМНЕ треба да расчисти дали се обратиле до пратеникот Џафери кога поднеле предлог за измени во изборниот законикц. Ако продолжите да му се обраќате на пратеникот Талат и се дури така се обраќате кон мене како пратеник, јас ќе ја користам својата деловничка можност да зборувам на својот јазик – додаде Џафери.