Девојчиња без дозвола вакцинирани од ХПВ, родителите ќе го тужат училиштето

by fokus 18:36
18:36

Девојчиња од седмо одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица денеска биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на нивните родители, пишува НОВАТВ.

Девојчињата биле однесени во диспанзерот за вакцинација со образложение дека одат на систематски преглед, без да им биде кажано дека ќе бидат вакцинирани. Родителите револтирани, најавуваат тужби против училиштето.

- Advertisements -

Инаку, со оваа вакцина против рак на грлото на матката се опфатени девојчиња од 12 годишна возраст. Вакцината против ХПВ наиде на многу реакции во јавноста, а родители на свој ризик одбиваат да ги вакцинираат своите деца поради многуте несакани реакции од оваа вакцина во светот.

Македонија е една од трите земји во светот кои први ја воведоа оваа исклучително скапа вакцина, иако клиничките испитувања за бенефитот од вакцинацијата не беа завршени.

Поврзани новости