Шеќеринска: Ќе го промениме начинот на кој фунцкионира Собранието

by fokus

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, денеска најави дека нејзината партија ќе спроведе реформи во Собранието, со цел, како што рече, да им се даде шанса на граѓаните на Македонија да се гордеат со своите претставници.

– Според нашиот план ќе ги обврземе сите матични комисии во Собранието на Република Македонија задолжително да се отворат кон невладините организации, коморите, синдикатите, и тоа не само за дебати по закони, туку исто така и за надзорните расправи. Имаме план според кој пратениците во Република Македонија ќе ги бираат навистина граѓаните, на тој начин што ќе овозможиме избор преку отворени листи. Така ќе добиеме посилни пратеници, и посилно Собрание – рече Шеќеринска.

Таа, вели Собранието никако не смее да биде гласачка машина, туку место за вистински, сериозни дебати, чијашто цел ќе биде да се оствари интересот на мнозинството граѓани во нашата држава.

Освен тоа, дополнува Шеќеринска, СДСМ ќе ја ограничи употребата на скратени постапки во Собранието, и ќе ја направи исклучок наместо правило.

Поврзани новости