Атанасов: Нема нови заболени животни со антракс

by Fokus

Нов случај на заболено животно од болеста антракс нема. Ниту на одгледувалиштето каде беше откриена болеста, нуту пак во некое друго одгледувалиште. Заболени луѓе од оваа болсет нема. Болеста антракс кај животните не е новост“. Ова денеска на прес-конференција го изјави директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов

Тој напомена дека се уништени 9 мрши од овци, оние за кои сопственикот се посомневал дека се заболени. Спалени се, а пепелта е закопана.

-Нема потреба да се шири теза дека ќе се заразат луѓе. Се врши преглед на заклчаните животни. Нема опасност луѓе да заболат при консумација на такво месо – смета Атанасов.

Поврзани новости