Детално метео: Следува ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето – врнежи и услови за грмежи

by Фокус

Денес времето во нашата држава ќе биде претежно облачно, а од попладневните часови ќе започнат повремени врнежи од дожд. Во вечерните часови, а особено во текот на ноќта, врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и истите локално ќе бидат проследени со засилен југоисточен ветер. На некои места ќе има услови и за појава на грмежи, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено, до значително облачно. Од попладневните часови ќе започнат да растат условите за повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во текот на ноќта кога повремено ќе дува засилен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа утре и во среда продолжуваат врнежите од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, на повисоките планини пак ќе има врнежи од снег. За време на овој влажен воздушен бран, локално ќе наврне поголемо количество на воден талог (над 30 л/м2). Локално пак засилен југоисточен ветер ќе дува и утре. Врнежите ќе ослабнат од четврток кога ќе бидат и полокализирани.

Што се однесува пак до температурите, истите од утре ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ пад (за околу 10 степени, понекаде и за повеќе) и истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Сето ова особено лошо ќе влијае врз метеопатите каде ќе се појават позначителни здравствени проблеми.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости