Прв заразен со Ковид 19 во Пехчево, се работи за медицинско лице

by Фокус

Денес е дијагностициран првиот заразен од корона вирусот во Пехчево, потврди градоначалникот на оваа општина Драган Тренчовски.

„Во овие вонредни околности и во услови на светска пандемија, мораме да ја прифатиме реалноста дека вирусот побрзо или побавно ќе дојде и на територијата на општина Пехчево. Но, оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски. Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин“, напиша Тренчовски на фејсбук.

Тој истакна дека идентитетот на инфицираното лице воопшто не е важен, но инфицираниот граѓанин напиша статус, од кој произлегува дека е вработен во пехчевскиот здравствен дом и дека вирусот најверојатно го фатил на скопските клиники додека носел пациенти.

Поврзани новости