Детална анализа на времето: Се очекува понатамошен пораст на температурите

by Frosina Fakova

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа за време на викендот, како и на почетокот од следната недела ќе продолжи стабилното, суво и сончево време. Ќе биде и уште потопло па така максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, во најтоплите предели од државава истите има услови да се искачат и до околу 40 степени.

Малку посвежо време и пад на температурите за неколку степени се очекува од вторник.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости