Благодарејќи на Преспанскиот договор Македонија е денеска безбедна држава иако имаме војна во Европа, рече директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, реплицирајќи му на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата на ТВ24.
-Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се гледа во тоа што стилот на влаедење на ВМРО е „доаѓа проблем – бегаме, идеме на избори и си правиме кампањи, си правиме притисоци, си кажуваме дека сме најважни“, а проблемите под тепихче. СДСМ ги решава проблемите во оваа држава сакаш да признаеш ти или не – му рече Деспотовски на Димовски.
На прашањето за уставните измени, кои би донеле вметнување на Бугарите во Уставот, и проблемот со обезбедување на потребното мнозинство, Деспотовски рече дека е оптимист и дека верува оти има „здрави структури во ВМРО-ДПМНЕ“.