357
Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски испрати апел кон младите да започнат да се реализираат целосно во Македонија, со оглед на тоа што голем дел од младата популација заминува надвор од државата во подобар живот.
„Ги повикувам младите да почнат да размислуваат како целосно да се реализираат тука, во Македонија. Да создадеме генерации кои нема да бидат јавни службеници или да го поттикнуваат економскиот раст на некоја странска земја, туку ќе се реализираат дома!“, истакна Деспотовски.