Деркоски: Изборите ќе чинат над 8 милиони евра, а избирачкиот список е чист колку што дозволува ситуацијата

by Фокус

Претстојните парламентарни избори ќе чинат над 8 милиони евра, вели претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во интервју за Радио Слободна Европа.

-Согласно она што го видовме со предлог буџетот кој што е во собраниска процедура, пресметките се дека се предвидени нешто над 6,7 милиони евра за претстојните избори. Имам информација дека тука ќе има амандманска интервенција со некаде уште милион и пол евра што значи некаде над 8 милиони евра ќе чинат овие избори. Тука морам да напоменам дека се вклучени и парите што ќе потрошат и медиумите,  затоа што сега, согласно најновите законски измени од изборниот законик, од минатата година медиумска кампања што се води за време на изборната кампања ја плаќа државата – вели Деркоски.

Според него, избирачкиот список е чист колку што дозволува ситуацијата, со оглед дека, вели првиот човек на ДИК, тоа е континуиран процес.

-На избирачкиот список се наоѓаат сите граѓани кои што имаат државјанство на државата и се полнолетни постари од 18 години. Што значи дека секој што добил пасош и лична карта се наоѓа на избирачкиот список. Ние не навлегуваме во причините зошто, кој и како добил лична карта. Во моментот кога ќе го добие тој документ тој веднаш влегува во избирачкиот список. Управните постапки кои што се водат во Министерството за внатрешна работа за добивање на лични документи не се наша надлежност – изјави Деркоски, одговарајќи на прашањето дали во списокот се уште има жители на Пустец и таканаречени фамтонски гласачи?

Поврзани новости