Андоновска: Власта уништила половина тон употреблив инсулин заради нов тендер

by Фокус 14:06
14:06

Пред два дена е уништен инсулин чиј рок за користење е се уште употреблив, обвини Марија Андоновска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која воедно праша дали зад ова се крие мотив на власта да обезбеди нов милионски тендер?

-Согласно информациите до кој дојдовме, на 5 декември, односно пред два дена, е извршено уништување на над 1 тон и 200 килограми инсулин, од кој речиси половина тон од инсулинот кој е уништен, а чија што пазарна вредност може да достигне од 1.5 милиони евра, е со валиден рок на употреба до месец јуни наредната година – изјави Андоновска.

Таа обвини дека во инсулинскиот скандал се вклучени министерот за здравство Венко Филипче, Агенцијата за лекови и медицински помагала и Дирекцијата за стокови резерви.

- Advertising -

-Дали причината зошто се уништува инсулин кој е со неистечен рок на траење е поради фактот што треба да се распише нов тендер кој ќе обезбеди солидна заработка за магнати блиски до власта? Доколку ова е очно кој ќе ја сноси одговорноста што врз буџетот се прави штета приближно од 1.5 милиони евра? – праша Андоновска од ДПМНЕ.

Поврзани новости