Денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, јас ќе си поднесам оставка и ќе одиме на избори, вели Ковачевски

by Fokus

Денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори, рече премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизијата Сител. Како што додаде тој, овој негов став бил познат и го имал кажано порано на прес-конференција.

“Ниту еден човек не се родил за да биде премиер. Тоа е голема чест и одговорност, да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро и да бидеш искрен со нив.

И ако го погледнете моето експозе, за потребата од усвојување уставни измени, јас таму бев апсолутно искрен, што добиваме со ЕУ. Јас јавно кажав дека денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори”, истакна Ковачевски

Поврзани новости