„Македонија блокира“ не ја најде Емилија Александрова дома, Бачев и порача да не помисли да гласа за уставните измени

by fokus

Демонстранти на движењето „Македонија блокира“ се собраа вечерва пред домот на пратеничката Емилија Александрова, но не ја затекнаа дома. Полицискиот кордон ги спречи демонстрантите да влезат во дворот со објаснување дека никој нема во куќата. Поради тоа на Александрова не и беше предадено писмото, но беше прочитано на мегафон додека демонстрантите држеа свеќи во рацете.

Publiée par Dragan Ugrinovski sur Jeudi 3 janvier 2019

Протестот почна пред Собрание, а демонстрантите се движеа пешки до домот на Александрова, каде лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, и порача да не гласа за уставните измени.

-Ако има грам совест ќе излезе со народот и ќе биде со народот. Да не помисли да гласа за уставните измени. До вчера се сликаше со Груевски сега е со Заев. Се ќе им биде простено, само ако на 9 јануари не гласаат за уставните измени – рече Бачев.

Говорот на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев пред домот на пратеничката Емилија Александрова, четврток, 3 јануари 2019

Говорот на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев пред домот на пратеничката Емилија Александрова, четврток, 3 јануари 2019

Publiée par Единствена Македонија sur Jeudi 3 janvier 2019

Движењето ќе одржи сенароден протест пред Собранието на 9-ти јануари, кога почнува собраниската дебата за уставните измени.

Поврзани новости